Со велосипед во најубавиот дел на Скопје

Вештачкото езеро Козјак е најголемото вештачко езеро во Македонија, сместено помеѓу Сува Гора на запад и резерватот „Јасен“ на исток, во должина од 32 км.

Изградбата на пешачко-велосипедската патека ќе се одвива од двете страни на езерото Козјак. 

Имајќи предвид дека езерото се протега во рамките на Градот Скопје и Општина Македонски Брод, географската локација на истото овозможува услови за рекреативен туризам особено пешачење, возење велосипед околу езерото, риболов и други активности во природа, што ќе се овозможи со изградбата на пешачко-велосипедска патека околу ова езеро.

За таа цел во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ предвидено е:

Изградба на една пешачко-велосипедска патека од страната на Скопје, конкретно од Рибарскиот залив кон Браната Козјак, во правец на течението на река Треска, со должина од околу 3.600 метри.  

Изградба на втора патека што ќе се протега од мостот Близанско кон с. Близанско и кон с. Здуње, во должина од 3.000 метри. Буџет: 600.000 евра