
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Р.И.(25) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
- На 06.07.2025 на булеварот „Ослободување“ во Кичево, тој со употреба на физичка сила спречувал полициски службеници во вршење на службено дејствие, по што веднаш бил лишен од слобода, известија од МВР.