Со украдена фотографија од полицаец се заканувал преку Вибер

Полициски служебник вчера утринава пријавил во Полициската станица Чаир дека во текот на 13.08 и 14.08.2018 година, непознато  лице користело негова слика на социјалната мрежа „Вибер“.

Непознатото лице на тој начин контактирал со други корисници и им се заканувал.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.