Со убаво промотиво видео Qatar Airways ги кани туристите да го посетат Скопје

Македонија е крстопат на историјата со одбрано минато и интересна сегашност - вака најдобриот авио превозник во светот, Qatar Airways го наслови видеото кое го објави на својот инстаграм профил, а со кое ги кани туристите да го посетат Скопје.

Инаку, оваа компанија почнувајќи од 17. јули нуди директен лет од Катар до Скопје. Погледнете го видеото објавено на нивниот инстаграм профил:

 

 

Mината недека Qatar Airways повторно беше прогласена за најдобра компанија во светот, според истражувањето на „Skytrax“ за 2017-та година. Авиопревозникот е наградуван веќе четврта година, откако претходно беше на врвот во 2011-та, 2012-та и 2015-та година.