Со тупаници го онесвестиле, па го ограбиле - Истрага за двајца разбојници од Куманово

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение за кривично дело – разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик.

На 10 јуни, двајцата соизвршители одзеле пари од човек кој забележале дека разменува девизи. Го следеле и кога наближил кон неговата семејна куќа го удриле со тупаница по главата. Кога оштетениот паднал онесвестен му одзеле 172.000 денари и 37.460 српски динари, па веднаш избегале, соопштија од ЈО. 

По предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка определи мерка притвор во траење од 30 дена за двајцата осомничени.