Со туѓи податоци правела нарачки преку продажна мрежа

СВР Штип поднесе кривична пријава против В.С.(40) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

На 23.09.2019, пријавената, без согласност на лице од Штип ги искористила неговите лични податоци за зачленување во продажна мрежа, по што направила и нарачка на производи во износ од 5.860 денари.