Со туѓа картичка подигнала 32.000 денари - кривична за млада девојка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против С.А.(19) од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем”.

На 25.02.2022, пријавената во Делчево пронашла дебитна картичка, сопственост на М.Т., со пин, по што во два наврати подигнала 16.000 денари од банкомат и ја оштетила М.Т. за таа сума.