Со три противпожарни возила се гасне пожарот на Водно

Пожарот кој избувна на Водно наскоро ќе биде целосно изгаснет, вели во телефонска изјава за Курир командирот на скопската противпожарна бригада, Владимир Симоновски.

На терен интервенираат со три против пожарни возила и активно работат на целосно гаснење на пожарот и да не се дозволи негово проширување.

Локациски, пожарот е под местото „Марково крувче“, односно како што објасни Симоновски во долот под новиот пат за Сончев Град, Сопиште. Симоновски во изјавата за Курир, вели дека теренот е делумно пристапен со возило, а потоа продолжуваат пешки.