Со такси лани се возеле над 18.440.000 патници

Со такси-превоз, во 2025 година во земјава се превезени 18.449.000 патници, од кои 16.964.000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот превоз 1.485.000 патници, соопшти Државниот завод за статистика.

Според податоци на ДЗС, со 1.982 патнички автомобили биле изминати вкупно 60.158.000 километри.

Од нив 53.418.000 биле изминати во градскиот превоз, додека 6.740.000 километри биле изминати меѓуградскиот превоз.