Со субвенциите за купување на печки на пелети се зголеми бројот на граѓани што се греат со овој енергенс

Со субвенциите за купување на печки на пелети го зголемија бројот на граѓани што се греат со овој енергенс.

Иако Град Скопје се уште не го објави вториот по ред повик за субвенционирање за купување печки на пелети, греењето на печки на пелети е во подем, покажуваат податоците. 

Покрај Град Скопје, субвенции за купување печки на пелети нудат и општините Гази Баба и Аеродорм.

Печката на пелети троши од 10 до 15 килограми пелетни дневно, а цената на пелетите во зависност од квалитетот и тежината во малопродажните објекти се движи од 160 денари за 10 килограми до 260 денари за 15 килограми. Од тоа произлегува дека месечните трошоци изнесуваат над 5.000 денари или околу 30.000 денари на годишно ниво за загревање на површина од околу 60 метри квадратни.