Дани Димитровска со нова балада ги израдува своите фанови. Вонвремеска ,со одлично видео прекрасна ритмика и нанижани зборови, 39-годишната пејачка не почести со „Време“.

Музиката и текстот ги потпишува Весна Малинова Бабамов, додека прекрасното видео е на препознатливиот Чедо Поповски.

Кадрите што се вметнати во спотот се снимени на повеќе локации, во земјава и надвор од неа, а приказната е мошне емотивна како и самата композиција. Со овој свој видеозапис Дани го најавува јубилејниот, солистичкиот концерт насловен „рок-симфонија“ што ќе се одржи на 7 март во Македонската филхармонија. Тоа ќе биде своевидно патување низ дведецениската кариера на Дани, а на сцената при изведбата на рок-симфонијата ќе ја придружува филхармониски оркестар под диригентската палка на Бисера Чадловска. Влезниците за концертот можат да се купат преку продажните мрежи на Mktickets.mk и Karti.com.mk.