Со спортско рекреативен и хуманитарен настан одбележан 17-от роденден на Општина Аеродром

Со богата програма за дечињата од градинките и учениците од основните училишта од општината, денеска во паркот „Авион“ , под мотото „Спортуваме за Аеродром“ се одбележа 17-от роденден на Општина Аеродром.

На настанот, на кој присуствуваа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, покрај богатата музичка и забавна програма, најмладите имаа можност на десеттина различни полигони низ непосредна игра и активности имаа прилика да се запознаат со голем број спортови како што се фудбал, кошарка, бадминтон, одбојка, гимнастика, хокеј на трева и многу други.
Пред присутните дел од своите вештини им ги презентираа и извидници од Извидничко поречанскиот одред „Галеб“, а на најмладите преку игра и вежби им ја пренесоа и пораката за значењето на постојаната грижа за природата.
Во рамките на манифестацијата „Спортуваме за Аеродром“, под мотото „Биди човек“ се одржа и хуманитарна акција, каде во еден од полигоните беше поставена кутија за донирање средства за помош на оние на кои им е најпотребна.