Со секира влегол на Ургентен во Тетово

По социјалните мрежи се шири снимка од непознат маж кој се шета низ Ургентниот центар на тетовската болница со секира.

Ниту МВР ниту Министерството за здравство деновиве не објавиле информација за инцидент во кој е користена секира.

Во последниве 6 месеци имаше најмалку 5 тешки инциденти во кои граѓани физички се пресметува со лекари и медицински персонал. Два од инцидентите се случија токму во тетовската болница.

izvor-republika.mk