Со радари по патиштата ќе се подобрува безбедноста во сообраќајот

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески се обрати на Меѓународната конференција на тема Безбедност на патиштата.

Во своето обраќање, министерот Сугарески потенцира дека безбедноста е комплексен проблем каде што се бара мултисекторски пристап и неопходност од поставување на механизми за ефикасно и ефективно управување, координација и одржливо финансирање на системот на безбедност.

„Многу е важно е да се мобилизраат и подготват сите клучни институции и секоја од нив да превземе соодветни активности во својот делокруг на работа. Доколку ги земеме во предвид показателите дека во земјите од ЕУ има во просек 5,2 жртви во сообраќај на 100.000 жители, а во Македонија има 7,1 жртви во сообраќајот на 100.000 жители неопходно беше да се превземат конкретни чекори. Според анализите, споредбено со 32 земји во Европа, Македонија е меѓу последните 5 земји по безбедност на сообраќајот. Тоа беше аларм, серизно да се зафатиме со оваа проблематика и во следниот период да најдеме конкретно решенија со кое ќе ги подобриме условите на патиштат и ќе ја зголемиме безбедноста. Во така насока се јави потребата да се формира една водечка институција односно Извршно тело кое ќе има крајна одговорност и задача за подобрување на безбедноста и намалување на бројот на жртви на патиштата во Република Македонија“ – изјави министерот Сугарески.

Тој пред присутните истакна дека веќе е формирана работна група која до крајот на 2018 година ќе даде конкретен предлог за формирање на Агенција за управување со безбедноста на сообраќајот. 

Заменик министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу истакна дека Министерството за внатрешни работи презема сет на безбедносни мерки и во координација со другите институции работат на зголемување на безбедноста во сообраќајот.

На конференцијата се обрати и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов кој истакна дека во рамките на претпријатето формирани се секторски одделенија кои ќе работат исклучиво на квалитетни проекти во патната инфраструктура заради подигнување на безбедноста на патиштата.

Конференцијата е во организација на Министерството за транспорт и врски, ЈП за државни патишта и Светска Банка.