Со прекинато електроснабдување денеска Ѓорче и уште една скопска општина

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска (среда), поради планирани интервенции, без електрична енергија ќе останат корисниците на две локации во Скопје.

Еве каде ќе има прекини: 

- во периодот од 08:30 до 13:00 часот, прекин на електричната енергија ќе имаат корисниците од дел од улицата „Христо Татарчев“, во близина на автопералната, во општина Сопиште.

- во периодот од 11:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата „Александар Мартулков“ во општина Ѓорче Петров.

Од ЕВН посочуваат дека прекините ќе траат во наведениот временски период, односно до завршување на планираните активности.