Со повреди лежел на пат - Пронајден маж во скопски Илинден

 

Маж со повреди бил пронајден како лежи покрај пат во скопско село. Пренесен е на скопските клиники на лекување. 

 - На 30.12.2025 во 22:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на влез во село Ајватовци,  општина Илинден на патот лежел повреден И.С.(43) од кривопаланечко село, со престој во скопско село. Од екипа на итна медицинска помош И.С. е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, соопштија денеска од полицијата. 

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.