Со поткуп уапсен вработен во УЈП во центарот на Скопје

Вработен во Управата за јавни приходи (УЈП) попладнево во Скопје е уапсен под сомнение за примање поткуп.

Според извори на истрагата, Љ.С. е уапсен во кафуле во трговскиот центар Зебра во Скопје. 

Очевидци за Сител велат дека службеникот кој бил редовен гостин, примил син плик од непознато лице со кое се чекал пред кафулето. Полицајците кои за време на целата акција седеле на една од масите реагирале веднаш. Осомничениот кога сфатил во каква ситуација се наоѓа, пликото го фрлил под нозете. Сепак, полицијата го забележала тоа. Побарале од него да го подигне од земја и го привеле.