Поефективна инклузија на учениците со интелектуална попреченост на пазарот на трудот, унапредување и зајакнување на нивната вработливост, како и зголемување на нивните капацитети за напредување во професионалната кариера, предвидува меморандумот за соработка што денеска  го потпишаа Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и средното државно училиште „Св. Наум Охридски“ од Скопје во кое се образуваат ученици со посебни потреби.

Согласно меморандумот двете институции заедно ќе работат на прилагодување на образовните програми и организирање практична настава во соработка со бизнис заедницата во насока на  успешна социјална инклузија на учениците на пазарот на трудот.

-Нашата цел е да создадеме мост помеѓу приватните компании и учениците од ова училиште и со заедничка соработка, посветеност и труд да градиме инклузивно општество. Веруваме дека денешната иницијатива и официјализирање на меморандумот за соработка меѓу двете институции ќе дадат повеќе можности за унапредување на учениците од средното училиште се со цел поголемо и пред се нивно соодветно вклучување во работните процеси, рече извршниот директор на Сојузот Александар Зарков попотпишувањето на меморандумот.

Тој нагласи дека дел од компаниитечленки на ССК веќе имаат воспоставено соработка со училиштето, а дел почнуваат соработка.

-Она што ни претстои како план е заеднички да ги развиваме сите форми на меѓусебна соработка, поддршка, взаемен труд за градење на капацитетите на овие ученици, преку адаптирање на образовните програми за полесно вработување во приватниот сектор,имплементација на проекти во насока на постигнување на крајната цел натамошно вработување на учениците и инкулзивност како важен процес во демократските општества, посочи Зарков и додаде дека заедничката работа на сите чинители е од особена важност за успешно  секторски да се одговори каде овие кадри најкорисно би одговориле на дадените задачи за воспоставување взаемен бенефит.

Директорот на ДСУ „Св. Наум Охридски“ Дивна Видиниќ истакна дека во училиштето се образуваат ученици за повеќе струки и занимања од цела Македонија за графичка, машинска, текстилна електротехничка, градежна и угостителско-туристичка струка.

-Попишувањето на меморандумот е од големо значење за нас како училиште за ученици со посебни потреби, бидејки ќе се создаде мост меѓу компаниите и училиштето. Компаниите ќе можат непречено да доаѓаат во училиштето и да ги следат нашите активности и на тој начинда ги осознаат способностите, умеењеата и знаењата на учениците, а истио така ќе можат да даваат сугестии и обуки на лице место со што ќе се создаде кадар според потребите на пазарот натрудот. Во исто времетоа ќе значи дека овие ученици полесно и поедноставно ќе се вработуваат и ќе се инклузираат во општеството, изјави Видиниќ.

Досега, потенцира, имаме успешна соработка со неколку компании од Скопје, а нашата интенција е да се зголеми вработувањето на учениците од Скопје, но и од внатрешноста на државата. Затоа сметаме дека меморандумот ќе ни озвоможи да се вработуваат учениците од внатрешноста.

Компанијата „Кнауф“ членка на ССК, годинава активно се вклучува во  едукација на учениците во „Св. Наум Охридски“ Скопје, во паралелка со девет ученици за занимање Молер.

-Веруваме дека нашата соработка ќе има долгорочни ефекти за успешно позиционирање и инклузија на пазарот на труд на учениците од „Св. Наум Охридски“ Скопје. Се вклучуваме со нашите специјалисти во Кнауф преку обуки, во рамки на образовната програма, со донирање материјал и алати за работа, како и преку вмрежување на идните молери со градежните компании, се со крајна цел успешна интеграција на пазарот на труд. Цврсто верува дека само компанија која е базирана на вредности, грижа за заедницата може да обезбеди гаранција за стабилен развој и  конкурентска предност, рече Велимир Петровски, директор на „Кнауф“ и член на УО во ССК.

Според податоците на Државниот завод за статистика, согласно секторите каде се вработуваат лица со инвалидитет, во најголем дел станува збор за занимања за неиндустриски начин на работа во производство, ракувачи и составувачи на машини и постројки, елементарни занимања, работници во услужни дејности, продавници и пазарни продажби и сл. Во земјава има околу 650 компании кои се регистирани за вработување лица со попреченост.