
Заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, денеска ги прими најуспешните ученици - првенците на генерацијата 2025/2026 година, од десетте општински основни училишта.
Во знак на признание за нивниот исклучителен успех, посветеност и вложен труд, Општина Карпош им додели парична награда во висина од 10.000 денари, како поттик за нивен понатамошен образовен развој.
Како дополнително признание за постигнатите резултати, првенците добија и седумдневно летување во кампот „Каливас“ во Грција.
Првенци на генерацијата 2025/2026 година се:
„Средствата за наградите на првенците на генерација се озбезбедени од Програмата на Одделението за образование на Општина Карпош. Општина Карпош упатува честитки до учениците, нивните родители и наставници за вложениот труд и резултатите и им посакува уште поголем успех во понатамошното образование“, истакнаа од Општина Карпош.