Скопската полиција поднесе кривична пријава против Б.В. (23) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво.
Б.В. на ул. „Бoсна и Херцеговина“ во Скопје вперил пиштол кон товарно возило фолксваген кеди, сопственост на приватна фирма.
Возачот застанал со возилото, по што пријавениот влегол внатре и со закана со пиштолот од возачот одзел 300.000 денари од дневниот дневен промет на фирмата и мобилен телефон, соопшти МВР.