Со песна за мир победи на Евровизија, а сега украинската пејачка од Турција ја пренесе својата порака

Џамала во 2016 победи на Евровизија со песна која беше потсетник на случувањата во Советскиот сојуз во 40-тите години, со наслов „1944“. 

Семејството на пејачката живеело на Крим, една од териториите која постојано е предмет на спор меѓу Русија и Украина. Токму страдањата биле инспирација за оваа песна, во која таа повикува на мир. Во рефренот пее на кримски јазик. 

„Не уживав во мојата младост, не можев да живеам тука“, пееше Џамала во 2016. 

Сега повторно ја напушти Украина и се наоѓа во Турција. Оттаму порача:

„Русија ја напаѓа мојата земја. Мирни луѓе во украински градови. За мене ова е глупост. Потребна ни е помош од целиот свет. Оваа војна мора веднаш да заврши.“

Сопругот на пејачката се уште е во Украина, бидејќи останал да се бори.