Пред еден месец на 11.10.2024 во 23.00 часот во полициската станица во Радовиш било пријавено дека непознато лице со патничко возило „фолксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки управувано од 37-годишниот Ѓ.Ѓ од Радовиш удрило во малолетен пешак, по што го напуштило местото. Малолетничката со тешки повреди била пренесена во Медицискиот центар Штип каде и биле констатирани повредите.
Полицијата лицето го пронашла наредниот ден каде бил извршен службен разговор. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.