Со пајак се расчистуваа непрописно паркираните возила под „Гоце Делчев“

Градски паркинг и ЈП ПОЦ на општина Центар, по реакции на граѓаните за непрописно паркирани возила под мостот „Гоце Делчев“, денеска спроведоа акција за нивно отстранување.

 Како што информираа од општина Центар, граѓаните реагирале со забелешки дека просторот под мостот не е паркинг простор, и дека возилата биле паркирани и во зеленило и била затворена и пешачката патека.

- Градоначалниците на Град Скопје Петре Шилегов и на општина Центар Саша Богдановиќ, се децидни дека редовно ќе се чистат јавните простори од непрописно паркирани возила, наведуваат од општината.

Воедно, апелираат до граѓаните да ги почитуваат прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места.