Со овие три знаци љубовта е невозможна

Најголемиот дел од врските се содржани од конфликти и љубомора, но кога е тоа во мала доза, врската сепак може да биде среќна и стабилна. Сепак, некои знаци во хороскопот се едноставно невозможни и тешко е да се биде во врска со нив.

Овен – постојано приредува непријатни сцени

Родените во овој знак имаат проблем со довербата и често анализираат премногу. На секој најмал сомнеж, тие реагираат импулсивно, без оглед на фактите. Бидејќи се многу импулсивни, од нив може да се очекува сешто, од викање до фрлање предмети, па дури и заканувања.

Лав – посесивноста им е второ име

Лавовите се склони кон посесивност и љубомора, но тие не се толку груби како другите знаци. Нивното покажување љубомора најчесто се одвива како потврда за љубовта и голем интерес за саканата личност. Најчесто се однесуваат така поради  повредено его, големи очекувања, или пак од страв дека не ги сакате доволно, а изневерувањата удираат премногу силно на нивното его.

Скорпија – сите чувства им се читаат на лицето

Скорпиите се најљубоморниот знак во хороскопот. Кога ја покажуваат својата љубомора, тие не се нималку тактични, не ги бираат зборовите и можат да се почувствуваат издадени поради нешто на што другите знаци воопшто не би реагирале. Тешко е отворено да се признае љубомората, но кај нив ќе ја забележите на лицето.