Со околу 2.000 гласови Арсовска во предност пред Шилегов за Град Скопје

По преброените 69,34% од записниците на ДИК, трката за градоначалник на Град Скопје се сведува на двајца кандидати кои се издвоија на врвот.

Моментално води Данела Арсовска (поддржана од ВМРО-ДПМНЕ) со 56.555 гласови (или 37,19%) пред актуелниот градоналачник Петре Шилегов со 53.762 гласа (или 35,35%). 

Арсовска и Шилегов веројатно ќе ја продолжат трката во вториот круг кој ќе се одржи по две недели.