Со нож нападнал врсник пред игротека: Малолетник од Шуто Оризари сам се пријавил во полиција

Малолетник сам се пријавил во полиција откако со остар предмет повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари, информираше Министерството за внатрешни работи.

Нема дополнителни информации за тежината на повредите. Инцидентот се случил пред игротека во Шуто Оризари, на 11 април, околу 22:20 часот.