Со новиот пат за 5 минути до Центар: Оваа општина е новото елитно место во Скопје

Oва скопско село е во непосредна близина на Скопје. Последниве години важи за едно од најпскауваните места за живеење на богатите бизнисмени, политичари....

Сопиште е ридско село расположено на југоисточната падина на планината Водно на надморска височина од 540 метри. Сопиште е оддалечено 7 километри од центарот на Скопје. Низ Сопиште минува патот кој води од Скопје преку Нова Брезница за Поречје. Атарот зафаќа површина од 9,9 км², од кои на обработливото земјиште отпаѓаат 652 ха, а на пасиштата 269 ха.

Селото Сопиште е доста стара населба во скопската област. Тоа се споменува во поменикот на манастирот Свети Георги - Горг Скоропостижник во Скопје во 1300 година под името Сопиштехъ, како село кое е подарено на манастирот од средновековниот крал Милутин.

Потоа селото Сопиште се споменува и во поменикот на манастирот во Матка од 1560-1570 година. Македонскиот просветител Јордан Хаџи-Константинов - Џинот во својот напис „Јужна страна скопска“ објавен во „Цариградски весник“ на 1 мај 1855 година за Сопиште запишал дека е плодовито село со многу древности и писма и во него живеат добри селани кои имаат чудотворен црковен храм посветен на светиот великомаченик Мина кој накажал многу нечестиви, а дарил исцеление на многу добри луѓе. За црвката зпишал дека е древна и ѕидана од српските цареви. Како едно од поголемите места на патот Скопје - Порече - Кичево во Сопиште постоел главниот ан, во кој патниците престојувале, преноќувале и одморале, а во анот постоеле големи дрвени „жлебови“ за вино во кои секој засебно можело да собере по 200 товари грозје.

На почетокот на XIX век, најдобрата селска земја започнале да ја присвојуваат Турци и Албанци, при што во Сопиште се основале 3 чифлизи на Сулишовци, Садиковци и Афуз-бег од Скопје. Сулишовци и Садиковци од селото Седларево биле Албанци и живееле во Сопиште, правејќи големи злодела врз жителите- Македонци како уцени, убиства, кражби. Во 1908 година со појавата на македонските комитски чети на ВМРО и донесувањето на „Хуриетот“ овие 2 албански семејства, плашејќи се од одмазда за своите злодела избегале во Скопје, а земјата ја распродале на селаните. Истовремено земјата ја продал и Афуз-бег. Кон крајот на XIX век, во бурната 1878 година

Сопиште било ограбено и опљачкано од „Дебрани“ (Албанци). Кон крајот на векот Сопиште и пошироката област била посетена од македонскиот револуционер Ѓорче Петров. Според неговите записи од 1896 година селото Сопиште броело 40 македонски куќи сместени во подножјето на Водно на патот за Кичево и на 1 ½ час растојание од Скопје.

Во тоа време во непосредната близина на селото постоеле ѕидините на старата црква Свети Спас и стариот ан Ветрило кој некогаш бил главен ан на кичевскиот пат. Токму меаната на овој ан, која служела како база на српските чети при преминувањето во Порече, во февруари 1907 година била запалена од војводата Васил Аџаларски.

Легендите за настанокот на скопските населби и села:

Бардовци

Тафталиџе

Ѓорче Петров

Буњаковец 

Радишани

Капиштец 

Водно

Крњево

Дебар Маало

Даме Груев

Лисиче

Бутел

Кисела Вода

Злокуќани

Волково