Со ноќно бележење заврши реконструкцијата на едната страна на булеварот Крсте Мисирков кај Бит-Пазар

Со ноќно бележење сообраќајна сигнализација заврши реконструкцијата на едната страна на булеварот Крсте Мисирков кај Бит-Пазар во општина Чаир. Екипите на Град Скопје работеа со засилено темпо на реконструкција на булеварот и со градежни активности во текот на вечерните часови со цел избегнување на сообраќаен метеж, а денеска почна реконструкцијата на другата страна на булеварот. 

Град Скопје продолжува со интензивните градежни активности за реконструкција на градските улици и булевари во рекордно кратки рокови, а граѓаните добиваат квалитетни и безбедни сообраќајници.