Со „Немаме бариери – сите сме исти“ во Карпош одбележан Светскиот ден на лицата со аутизам

Денешниот ден – 2 Април кој е прогласен за Меѓународен ден на лицата со аутизам, основното општинско училиште “Вера Циривари- Трена” од Карпош го одбележа со разни активности и работилници на учениците кои се учесници во школскиот проект “Немаме бариери – сите сме исти”.

Одбечежувањето беше збир на креативни идеи и пораки коишто произлегоа од учениците, учесниците во проектот, во соработка со стручната служба и директорот на училиштето.

Обоени во сино, со повик за хуманост, заемно разбирање и другарство, но и со личен печат од детските дланки, пораките треба да допрат до срцата на сите деца во светот.

Да изградиме подобра иднина на децата со аутизам и да ги искористиме нивните потенцијали тие да бидат почитувани и еднакви граѓани во нашето општество е основната интенција на овој проект.