Со најдобрите другарки не се зборува, со нив се живее...

Овие денови ќе ти напишам честитка за роденден. Се надевам дека ќе стигнам да те потсетам како поминала нашата приказна. Официјално се запознавме на факултет, во вториот ред во амфитеатрот. Откако еден заеднички колега те предупреди дека припаѓам во категоријата „досадни луѓе“, а јас за тоа дознав малку подоцна, почнавме заедно да ги делиме часовите седејќи на оние столчиња. Пишувавме белешки, потпишувавме други луѓе на предававања додека тие одеа на кафе. Па потоа почнавме заедно да пиеме кафе пред и по предавањата на факултет. Уживавме во паузите од животот и го окупиравме фиксниот телефон кога бевме дома.

Од тие први моменти поминаа 20 години. Собиравме солзи, оброци, излегувања, глупирања и славења. Собиравме моменти и прераскажани приказни, особено после полноќ, теми кои секогаш ги почнувам имајќи на ум некоја важна тема, а сопствената дилема ја завршувам со: „Знаеш, јас како мала бев невозможна“, а ти на тоа секогаш ми враќаше со: „А сега си уште полоша“ и одвај чекаше да идеме да спиеме.

А ти текнува кога чистевме во 3 наутро? Кога спиевме некаде во ист кревет па се тепавме за простор.

Си спомнувам и за полагањата испити и како си пуштавме среќа, кога и двете постојано плачевме за нешто, која пропуштила испит, која поминала многу полошо отколку што може. Ти прва ми го честиташе дипломирањето.

А солзите за луѓето кои ни проаѓаа низ животот повеќе не ги ни бројат. Да вредеа, ќе плачевме заедно со нив.

Вчера ти беше роденден и не заборавив на ниту еден момент од нашето традиционално честитање: од јавувањето, до кафето и колачот кој твојата мајка секогаш го сече „под агол“.

Но, никогаш нема да имам доволно простор за да се искажам. Можеби ова ќе биде добар почеток.

Ти благодарам за две децении пријателство. За твојата подадена рака додека се качувам по скали низ гужва, за твојот инает од типот: „Јас тоа не го сакам, мене тоа не ми треба“. За часовите кога ми изиграваше психолог додека барав соодветен кауч за да си ги искажам маките.

За сите наши прекари кои се менуваа во зависност од период.

Ах колку работи има за кажување. Но, еве ќе почнам прво со едно големо благодарам. Не големо, ЏИНОВСКО нека биде.

Истото тоа благодарам кое милион пати сме го премолчале, затоа што со најдобрите пријателки не се зборува, со нив се живее.