Со најава за 100.000 засадени дрвја dm дрогерие маркт успешно ja започнува третата година од проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Компанијата која веќе сите ја препознаваме како екокомпанија, dm дрогерие маркт, денес гордо го најави продолжението од третата година на екопроектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“! Дрогерискиот синџир овој проект го започна во 2022 година, а преку своите досегашни активности засади околу 60.000 нови садници. До крајот на оваа сезона на пошумување компанијата ќе достигне јубилеен број од 100.000 засадени дрвја.

Новиот циклус на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ официјално започна денес, со акција во која беа засадени повеќе од 300 нови садници во „Рајски парк“ во Скопје – о. Аеродром. Во позитивна атмосфера полна со ентузијазам, прекрасна дружба и заедничка еко акција, компанијата уште еднаш ја потенцираше важноста на пошумувањето и директно ја покажа својата заложба за зачувување и обновување на зелените површини во земјава. Во акцијата беа вклучени вработени од компанијата, волонтери од повеќе здруженија, институционални партнери, како и медиуми и инфлуенсери кои ја покажаа својата екосвест и ја дадоа својата поддршка.

„Секое ново засадено дрвце нѐ носи чекор поблиску до нашата цел. Цврсто сме уверени дека нашите континуирани заложби, ентузијазмот и визијата ќе го дадат посакуваниот резултат - Позелено утре за сите нас. Посебно сме горди на сите наши колеги кои денеска, но и години наназад несебично го даваат својот придонес кон оваа цел, а нашата благодарност ја изразуваме и кон сите совесни граѓани, здруженија, институции и медиуми, кои нѐ поддржуваат во остварување на резултатите. Се надеваме дека со нашите акции ќе дадеме пример и ќе поттикнеме понатамошно ширење на грижата за нашата околина, бидејќи верувам дека сме свесни колку ни е тоа и повеќе од потребно.“ изјави Кристина Дуранска – Менаџер за маркетинг и комуникации во dm дрогерие маркт во Македонија.

За проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“, за оваа година компанијата dm дрогерие маркт одвои повеќе од 1.200.000 денари донација, во форма на набавка на садници и техничка опрема.

Активностите во рамките на овој проект оваа година ќе продолжат за само неколку денови со хортикултурно уредување на дворовите на ОУ „Славејко Арсов“ и детската градинка „Сончогледи“ во Штип, а на 24 ноември, заедно со сите нас ќе се реализира уште едно масовно пошумување во близина на езерото „Младост“ во Велес, на површина што неодамна беше зафатена од пожар. За време на садењето доброволно ќе учествуваат вработени од компанијата dm, но целта е во проектот да се приклучат и што повеќе еколошки свесни граѓани, институции и организации со кои заедно ќе се пошумат 18 хектари нови зелени површини. Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се приклучат на оваа акција можат да го направат тоа на следниот линк.

Целта на компанијата е во финалето на третата сезона да се се постигне вкупни број на 100.000 засадени дрвја.