Со музичка работилница се одбележуваат осум години од Спомен куќата на Тоше Проески

Музејот, Спомен куќа на Тодор Проески на Гумење во Крушево денеска одбележува осум години од отворањето. По тој повод во Спомен куќата на Гумење ќе се одржи музичка работилница на која ќе учествуваат реномирани и талентирани музичари и композитори.

Свои композиции ќе изведуваат музичарите Славчо Спироски Слав, композитор изведувач. Владимир Јовановски, виолинист као и музичарот Ванчо Петров.

Според директорот на Спомен куќата, Елена Мирчевска, Музејот е отворен на 25 април 2011 година. Досега го посетиле 650.000 гости од кои 30 отсто од странство, посебно од балканските и европските земји.

-Во Спомен куќата на една од најголемите Балкански музички ѕвезди Тоше Проески се изложени околу 350 експонати, негови автентични предмети. Поставките се менуваат на денот на роденденот на Тоше и на денот на трагичниот настан, 16 октомври. Ова се дел од годишните активности на Музејот за негова промоција и популаризација, пред се, за раскажувањето на приказната за битисувањето на еден човек кој има само датум на раѓање, вели Мирчевска, нагласувајќи дека за годишнината на Музејот е изработена специјална плексиглас рамка со алуминиумски светлечки лајсни. Посебно е изгравирана песната на музичарот Слав, инспирирана од насловите на песните на Тоше Проески.