Со мотото „Само за тебе Чаир”, Меџити ќе ја бара поддршката за градоначалничкото место од „Чаирчани“

Под мотото „Само за тебе Чаир”, кандидатот за градоначалник за Општина Чаир на коалицијата Вреди, Изет Меџити ќе ја бара довербата на граѓаните на локалните избори закажани на 19 октомври.

Како што објаснуваат од неговиот тим, Меџити истакнал дека ова мото не е само изборен слоган, туку искрена посветеност којашто ја претставува неговата визија и работа во иднина како градоначалник на оваа општина.

По состанокот со Форумот на жени на Вреди, Меџити потсетил дека Чаир секогаш има дадено многу за општествените, политичките, образовните и културните вредности на Албанците во земјава и пошироко.

Како што се наведува во соопштението, инспирацијата за мотото на кампањата произлегувала од песната „Само за тебе” на рок-бендот Талекс кој потекнува од Општина Чаир.