Со мотор се забил во бетонска жардињера, возачот со тешки повреди итно пренесен во Градска

На булеварот „Гоце Делчев“ во Скопје, вчера во 19 часот, мотоцикл „Хонда ЦБР 600“ со беровски регистарски ознаки, управуван од С.К.(31) од Пехчево удрил во бетонска жардињера.

Притоа, С.К. се здобил со тешки телесни повреди.

Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош.

Извршен е увид на местото на настанот.