„Со моето јадење нешто не е во ред, вратете го, нема да ви го платам “

Кога одиме во ресторан или кафеана ги оценуваме јадењата, услугата, пијалокот, ентериерот,  но не сме свесни дека и нас некој не проценува за тоа каков гостин ќе бидеме. Васко, кој веќе работи 5 години како келнер во една скопска кафеана ни открива каков тип на гости келнерите не сакаат во рестораните.

Често се прашуваме како овој народ се жали нема пари , а кога ќе одиш во кафана не можеш место да најдеш? Нормално затоа што има луѓе кои со часови седат со еден пијалок, и го завземаат местото на оние кои сакаат да бидат наши гости, објаснува Васко.

Има посебна категорија на гости кои без прашање дали има слободно место си седнуваат на маста која си ја одбрале. Најчесто двајца седнуваат на маса за 6 лица или избираат маса од која штотуку заминале гости, па најчесто се жалат како е нечисто.

Манџии – Овој тип  на луѓе најчесто ќе ви речат: „Со моето јадење нешто не е во ред, вратете го“, не е страшно ако гостинот го врати јадењето и неговата забелешка е на место, најчесто во ваквите ситуации се воспоставува дека со јадењето е во ред и гостинот само онка од каприц го враќа. Многу често се случува гостин да ми го врати јадењето и да ми рече: „Не е она што го очекував“, на некому му смета што зелечукот е заедно сервиран со рибаат. Некој се случува да изеде и пола од јадењето па да го врати велејќи дека не е добро со цел сметката да биде помала, објаснува Васко.

Заљубени парови - Нема ништо поубаво од заљубен пар, овие гулапчиња кои се бакнуваат гушкаат...им ја отежнуваат работата на келенрите бидејќи им треба подолго време за да се одлучат што ќе нарачаат, а кога ќе се одлучат обично ни се обраќаат зборејќи бебешки.

Бакшиш – Келнерите ги сакаат гостите кои оставаат бакшиш. Пред извесно време служев една постара госпоѓа, се протече во најдобар ред,  кога дојдов по сметката за да ги земам парите, госпоѓата почна да ми објаснува дека не била задоволна од мојата услуга кафето не било добро наместено во тацната, а и приборот подоцна сум го донел...Обично ние келнерите знаеме да процениме кога може да „падне“ бакшиш, но дефинитивно сигурни сме дека тоа нема да го добиеме од тинејџерите, а тие се и единствената група гости кои плаќаат со ситни денарчиња, раскажува Васко.

Безобразни родители - Сакам деца, но ретко да наидете на воспитани. Имавме група од 5 мајки кои беа дојдени со 9 деца. Дечињата беа растрчани низ кафаната  во која имавме премногу гости. Едното од нив така видно растрчано се удри во келнерот кој носеше две чинии чорба, и 4 чаши со сок. За серќа детето не беше повредено, но сета нарачка се истури. Мајката не се извини, дури дрско му приговори на келнерто дека требал да внимава каде оди. Најтешки се оние родители кои децата не им се воспитни. Не регираат на децата кои врескаат и им трчаат низ кафеанта. Се што прави нивнотот дете за нив е слатко, а често не го ни следат бидејќи гледаат во телфон, обајснува Васко.