
52-годишен беровец доби кривична пријава затоа што физички и со употреба на метален предмет ја нападнал својата сопруга, при што ѝ нанел повреди.
Како што се наведува во полицискиот билтен, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против М.Д.(52) од Берово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
На 01.06.2026 во семејниот дом во Берово, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга, при што употребил метален предмет и ѝ нанел телесни повреди.