Со „Мерцедес“ прегазил пешак во Скопје - со брза помош веднаш бил пренесен во болница

На 08.12.2020 во 19,10 часот во Скопје на ул.„Радишанска“, патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управувано од З.Д.(51) удрило во пешак Б.С.(53), и двајцата од Скопје.

Со возило на итна медицинска помош Б.С. е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде му се констатирани тешки телсени повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.