Со лотарија ќе се одлучува кој може на Суперкупот

Сите со нетрпение го очекуваме натпреварот од Суперкупот на Европа, кој ќе се игра во Скопје. Сите се интересираат како да дојдат до билети, па еве една корисна информација. 

Според најавите од УЕФА, продажбата на билети ќе оди исклучително онлајн на страницата на УЕФА. Аплицирањето за билети ќе биде од периодот од 13 јуни до 4 јули. Меѓутоа ниту тоа нема да значи дека можете да дојдете до билет. Доколку има голем број заинтересирани (а голема е веројатноста за такво нешто), тогаш добитниците на билетите ќе бидат познати по лотарија и известувањето дали сте добиле место на арената, ќе го добиете преку електронска пошта.

Се очекува во слободна продажба да бидат пуштени 10.000 билети наменети за неутралните гледачи. Цените на овие билети ќе се движат од 15 до 50 евра.