Со „Јагуар“ му го пресекол патот, му го скршил прозорецот на возилото, па го нападнал

Во текот на вчерашниот ден, околу 10.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на булевар „Партизански Одреди“ поради недоразбирање во сообраќајот, И.П. (47) од Скопје управувајќи патничко моторно возило „Јагуар“ со скопски регистерски таблици, му го пресекол патот на патничко моторно возило „Фиат Сеченто“ со скопски регистерски таблици управувано од И.А. (47) од Скопје.

Потоа И.П. излегол од возилото и му го скршил стаклото од вратата на другото возило и физички го нападнал И.А. по што го напуштил местото на настанот.

И.П. по кратко време бил пронајден и приведен од страна на полициски службеници во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.