Со интервенција на полицијата затворено избирачко место во Аеродром

Во Аеродром на избирачкото место 2686 со интервенција на полицијата е прекинато гласањето.

На гласач му се дадени четири избирачки ливчиња, а кога тргнал да ги внесува во избирачките кутии имал само три. Му недостасува ливчето за советничка листа на Аеродром.

По реакција на Избирачката комисија, полицијата го прекинала гласањето, гласачот е задржан во избирачкото место. Полицијата чека налог за претрес.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ известува дека поради прекинот на гласањето пред избирачкото место се содала гужва, а доста гласачи се откажале од чекање.

Прекинот трае веќе половина час.