Со интересно изненадување за патниците WIZZ Air го прославува својот 15 роденден

За секој лет купен во периодот 19-20 мај, ќе добиете поврат во кредит на WIZZ од 15% од вкупниот износ на резервацијата (што може да се искористи до 15 септември 2019 година). Промоцијата е достапна за сите што ќе купат билети во текот на наведените 2 дена и повратот од 15% ќе се пресмета на конечниот платен износ. Кредитот ќе се додаде на Вашата сметка на WIZZ најдоцна до 31 мај.

Промоцијата не важи за билетите купени со Wizz Flex или Wizz Plus.

*Повратот од 15 % важи за вкупната цена на превоз (вкупниот износ на резервацијата, заедно со цената на билетот и дополнителните услуги купени во текот на резервирањето). Повратот од 15 % важи за сите летови и сите дестинации. Промоцијата важи на 19 и 20 мај 2019 година, во периодот 00:00 - 23:59 часот CET. Имајте предвид дека понудата не е пренослива и важи само за поединечни резервации, со што се исклучуваат групните резервации. Понудата не може да се комбинира со други промоции што ги опфаќаат цените на авиобилетите. Ако ги исполнувате критериумите на промоцијата, ќе добиете поврат од 15 % од вкупниот износ на цената на превоз во кредит на Wizz на Вашата сметка на WIZZ најдоцна до 31 мај 2019 година, а кредитот ќе може да го искористите најдоцна до 15 септември 2019 година за купување авиобилети на Wizz Air. Повратот може да се изврши исклучиво на Вашата сметка на Wizz и на ничија друга. Повратот не може да се конвертира во готовина. Поврат се врши само за завршени летови. Имајте предвид дека износот на повратот не е наведен/видлив на www.wizzair.com во текот на резервирањето. Важат Правилата и условите за сметки на WIZZ. Wizz Plus и резервациите со Wizz Flex се исклучени од промоцијата.