Емотивни збогувања од колегите и фановите од легендарниот босански пејач Халид Бешлиќ кој почина вчера на 72-годишна возраст!
Бројна е и публиката во Македонија кога го обожаваше!
Освен пејач, беше и човек со големо срце - има направено над 500 добротворни концерти низ Европа.
Бешлиќ остави зад себе богато музичко наследство и бројни безвременски хитови, со кои стана една од најпрепознатливите легенди на народната музика во регионот, а еве дел од пораките кои неговите почитувачи ги упатија по повод неговото заминување:
- Последен поздрав за Халид Бешлиќ. Замина гласот што нѐ спојуваше, што пееше за љубов, за тагата и за животот. Со Халид си замина дел од Балканот кој знаеше да пее и кога боли. Неговите песни ќе продолжат да живеат, да нѐ тешат и потсетуваат на најубавите години. Почивај во мир, легендо, небото денес доби уште еден прекрасен глас.
- Почина легендарниот фолк-пејач Халид Бешлиќ. Да, го слушав, ќе ги слушам и пеам неговите песни. И колку да не сакаш народњаци, бар еднаш во живот си се нашол у ситуација да дигнеш раце на Ја без тебе не могу да живим, Миљацка, Окуј ме царе, Романија, Нечу нечу дијаманте, И занесен том љепотом... ако не си, не си живеел! Почивај во мир!
Не постои друг пеач од Загреб до Скопје кој може да речи ,,утре правам концерт” и да собери публика колку Халид по можеше, без разлика дали во Загреб, Белград…..
— The Driver (@KireDriver) October 7, 2025
- Гласот кој неутешно ја пееше љубовта, тагата и радоста, сега замолкна — но ехо од неговите песни ќе живее вечно во срцата на неговите обожаватели.
- Почивај во мир, Халиде. Твојата музика беше мост меѓу генерации, твојот глас — утеха во најтешките моменти. Нека те пречекаат ѕвездите со истата топлина со која ти ги допираше нашите души. Ќе те паметиме по насмевката, по харизмата, и по стиховите што ги пеевме со солзи и насмевки.