Со греење на пелети загаденоста на воздухот може да се намали за 17 пати

Најмасовното загадување, покрај од индустриските капацитети и автомобилите, доаѓа од печките на дрва, со кои се затоплуваат над 400.000 домаќинства во државава.

Едно домаќинство во Македонија, кое грее просечна површина на станбен простор од 60 квадратни метри, годишно ќе потроши 1, 56 тони нафта која, при согорување, ќе произведе емисија од 0, 527 честички јаглероден диоксид во воздухот. Ако се грее на јаглен, ќе потроши од 2,2 до 4, 8 тони и ќе загади со СО2 со 0,38 честички во воздухот. Со огревна бука и даб со влажност од 15 отсто ќе зачади со 0,03 честички СО2, но ќе треба да купи дури осум тони дрва, додека со дрвен пелет ќе загади само со 0, 021 честички СО2, а ќе треба да купи само три тони пелети.

Количината на ПМ1 честичките што се ослободува при согорувањето на пелети кои се користат за греење во домаќинствата е седумнаесет пати помала од количината на овие честички што се ослободува од согорување на огревно дрво во стар котел на дрва. Бројките велат дека со модерен котел на пелети при согорување на пелети кога се ослободува еден мегаџул топлина се создаваат 6,2 милиграми ПМ1 честички, а со стар котел на дрва при согорување на дрва кога се ослободува еден мегаџул топлина се создава 106,1 милиграми ПМ1 честички.