Со графити ќе се разубавува катната гаража „26 јули“

МКЦ распиша јавен повик за избор на шест авторски цртежи кои ќе се реализираат во рамки на проектот „Градот убав - Skopje street and art gallery 2“. Повикот е отворен за домашнитe ликовни уметници и автори од полето на уличната и графити уметност.

- По одлично реализираната прва галерија на отворено во рамки на еден од најзначајните објекти од современо Скопје – Градскиот трговски центар, ја продолжуваме оваа иницијатива за создавање на втора таква галерија, која ќе се реализира во катната гаража ’26 Јули’“, информираат од МКЦ.

За учество на повикот, заинтересираните треба да достават по електронски пат портфолио со претходно реализирани мурали на или во слични манифестации и опционално нивната замисла за посочениот простор.