Со „голф“ и развеани знамиња стоел на фрекфентна раскрсница во центарот на Скопје

Полицијата го санкционираше возачот кој со возило го попречуваше сообраќајот во центарот на Скопје, во близина на македонското Собрание. 

- Во врска со видеото споделено во дел од социјалните медиуми на кое се гледа како едно патничко возило на 05.10.2026 го попречува движењето на други возила во централното градско подрачје во Скопје на крстосница од ул.11-ти октомври, ул.Даме Груев и ул.Филип Втори Македонски, во СВР Скопје е повикан Н.В. сопственик на патничко возило "голф" со скопски регистарски ознаки. Од страна на СВР Скопје кон Н.В. преземени се мерки по член 3 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, соопштија вчера од полицијата.