Со електрошок го нападнал дечкото на поранешната девојка - Уапсен млад скопјанец

Момче нападнато со тврди предмети и електрошок од група предводена од експартнерот на неговата девојка. Нападната била и девојката токму во својот дом. 

- На 09.03.2026 во 08:30 часот во СВР Велес, 23-годишна велешанка пријавила дека во нејзиниот дом дошол Б.Б.(26) од Скопје - нејзин поранешен партнер и физички ја нападнал неа и нејзиниот сегашен 24-годишен партнер, по што и М.К.(30) и Д.Б.(43), двајцата од Скопје, кои дошле со Б.Б., физички го нападнале нејзиното момче, при што употребиле електрошок и тврд предмет, информираа од полицијата. 

По преземени мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Б.Б., М.К. и Д.Б., кои подоцна биле спроведени во СВР Велес за понатамошна постапка. 

Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, извести МВР.