
Вчера во 11:15 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на улицата „Рудничка“ во Кичево, електричен тротинет, управуван од 13-годишен малолетник од Кичево, удрил во паркирано патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, паркирано од Г.Д.(47) од Кичево.
Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Медицински центар Кичево.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.