Со експлозив разнесен банкомат во скопски Бутел

Утрово во вооружен инцидент разнесен е банкомат во скопската населба Бутел 2. 

Инцидентот се случил кај „Алпи“ на улица „Христијан Тодоровски-Карпош“. Во моментов полицијата е на терен и се врши увид на местото на настанот.

Пред повеќе од шест месеци се случи сличен напад кога вооружени лица со пиштол му се заканиле на обезбедувањето на деловен објект во Топанско Поле, а потоа поставиле експлозив на четири банкомати лоцирани во близина.

Фото: Сител Телевизија