Со една од најкомплексните процедури за третман на еректилна дисфункција, започнаа со работа новите операциони сали на Клиниката за урологија

Од Универзитетската клиника за урологија синоќа информираа дека со голема гордост го одбележуваат официјалниот почеток на работа на новите оперативни сали - современ хируршки простор изграден и опремен според највисоките светски стандарди.

Од таму посочија дека оваа значајна инвестиција носи: најсовремени услови за изведување на хируршки интервенции, поголема безбедност и подобра грижа за пациентите, подобар квалитет на хируршките процедури и современи услови за работа на медицинскиот персонал.

„Симболично, првите операции во новите сали беа вградување на инфлатабилни пенилни протези – една од најсовремените и најкомплексните процедури за третман на еректилна дисфункција, која неодамна стана достапна и во јавното здравство“, истакнаа оттаму.