Со една лажица мед, здравје од глава до пети

Изгледа дека вечната потрага по некој волшебен природен лек кој ќе ни ја направи кожата поубава, организмот посилен, расположението подобро, завршува.

Порталот  Bright Side истражил и дошол до заклучок дека со 1 лажица мед дневно може да го подобрите здравјето на својот организам, од глава до пети.

Такашто, изгледа дека вечната потрага по некој волшебен природен лек кој ќе ни ја направи кожата поубава, организмот посилен, расположението подобро, завршува. Со истражжувањето на здравствените придобивки на медот, порталот Bright Side дошол до заклучок како со една лажица мед на ден може да го подобрите својот организам од глава до пети.

Чиста кожа

Медот е одличен антиоксиданс, што значи дека со негова редовна консумација ќе го исчистиме теото од разни токсини.

Исто така, неговите антибактериски својства ќе ѝ помогнат на состојбата на  вашата кожа.

Слабеење

Ако внимавате на тежината, според лекарската препорака не би смееле да внесувате никакви видови на шеќери освен мед. Тоа е затоа што шеќерот во медот е со поинаков состав од различните засладувачи. Исто така, медот го забрзува организмот, што го помага слабеењето.

Намалување на нивото на лошиот холестерол

Медот воопшто не содржи холестерол. Токму спротивното, неговите составни компоненти и витамини придонесуваат за намалување на нивото на холестерол. Со дневна консумација се зголемува и нивото на антиоксиданси во телото, кои исто помагаат за намалување на холестеролот.

Посилно срце

Истражувањата покажале дека антиоксидансите од медот можат да го спречат стеснувањето на крвните жили, што инаку предизвикува застој на срцето, дезориентација и главоболки.

Чаша вода со 1-2 лажици мед дневно ќе помогнат за овој проблем.

Подобра меморија

Други истражувања покажале дека медот помага за ослободување од стресот, за јакнење на имунитетот и за подобрување на помнењето. Освен тоа, мозокот многу лесно го апсорбира калциумот од медот кој ја помага неговата функција.

Помирен сон

Шеќерот во медот го зголемува нивото на инсулин во крвта, кој потоа ослободува серотонин, кој пак се претвара во меатонин, хормон заслужен за квалитетен сон.

Здраво варење

Медот е силен антисептик, па се препорачува да се зема на празен желудник, и тоа една лажица. Овој едноставен ритуал помага да се спречат сите болести поврзани со системот за варење. Освен тоа, додека минува низ желудникот, ммедот ги уништува сите бактерии и лекува помали рани во слузницата.

Лекува напнатост

Медот помага за смирување на нервите и отстранување на заморот. Глукозата од медот е есенцијална за работата на невроните, брзо се апсорбира во крвта, а тоа резултира со опуштање и со ублажжување на психолошките пореметувања.

Совет плус:

Фитотерапевтите истакнуваат дека лековитите својства на билките се поттикнуваат со употреба на медот. Тие препорачуваат бините чаеви да се заблажуваат со мед затоа што така делува како биокатализатор и го засиува позитивното дејствување на биогените фитокомпоненти.

air max 90 essential sale